Општински противпожарен квиз натпревар во Велес
05-11-2014 РЕГИОН
Училиштето „Свети Кирил и Методиј“ во категоријата основни и „Коле Неделковски кај средните, се победници на годинешниот општински противпожарен квиз. Натрпеварот се одржа денеска во салата „Бели мугри“ . Од противпожарниот сојуз на Велес велат дека учениците имале доволно време да се подготват за квизот.
На општинскиот противпожарен квиз се натпреваруваа петте основни и четирите средни училишта. одговараа на 15-тина прашања. Се проверуваше знаењето за спречување и постапување во случај на пожар. Победниците од денешниот натпревар ќе учествуваат на регионалниот противпожарен квиз.
Општинскиот противпожарен квиз е традиционален. Годинешниот е 32 по ред.
З.Ј

Додади коментар