Општински натпревар по прва помош во Неготино
01-06-2018 РЕГИОН

 

Во организација на Црвен крст на Република Македонија - Oпштинска организација Неготино вчера се одржа традиционалниот општински натпревар по прва помош.

 

На натпреварот зедоа учество вкупно четири екипи во две категории и тоа подмладок од основните училишта Гоце Делчев од Неготино и Димче А.Габерот од Демир Капија, како и категорија младина од средношколскиот училишен центар св.Кирил и Методиј.

 

Натпреварот се одржа на манастирот св.Ѓорѓи во Неготино во една прекрасна атмосфера каде младите учесници ги покажаа своите вештини во справување со несакани ситуации со пружање на неопходна прва помош на лице место.

 

На натпреварот првото место во категорија подмладок го освои екипата од ООУ”Гоце Делчев” од Неготино, додека во категоријата младина прво место освои екипата од СОУ”св.Кирил и Методиј” од Неготино. Токму екипата во категорија младина која го освои првото место продолжува понатаму со натпреварување , со учество на државниот натпревар кој оваа година ќе се одржи во септември во Кичево.

 

 



Share

Додади коментар