Денеска се одржа 22 по ред општински натпревар по прва помош. Се натпреваруваа основците и средношколците од градот во категорија младинци и подмлаткари. Натпреварот се случуваше во спортскиот центар Партизан, а познавањата околу давањето прва помош го оценуваше стручна комисија составена од доктори волонтери во Црвениот Крст. Од името на комисијата за натпреварот зборува докот Верица Малинкова.
По речиси дво часовното натпреварување комисијата едногласно одлучи.На државен натпревар по прва помош оди првата екипа на Гимназијата Добри Даскалов.Како најуспешни ќе го претставуваат Кавадарци на државно ниво.
Останатите основците или подмлаткари во општинскиот натпревар според пропозициите тука завршуваат, но бидејќи годинава покажаа одлични познавање и подготвеност во делувањето и пружењето прва помош комисијата одлучи да нема најдобри и помалку спремни туку едноставно на сите да им честита за успесите и да им посака и понатаму да го надоградуваат знаењето и да бидат подготвени за следниот натпревар идната година кога преминуваат во категоријата младинци и се борат за пласман во државниот натпревар.Целта на натпреварот рекоа и од кавадаречкиот црвен крст е да се надоградува знаењето на младите за истите да прераснат во тим кој ќе биде спремен да делува при незгоди.
Mилица Младенова
Додади коментар