Општински комисии ги согледуваа штетите од невремето во кавадаречко
03-02-2015 РЕГИОН

Поплавени се неколку лозови насади во кавадаречко, а има штети и на други земјоделски површини и култури. Ваква е оценката на членовите на комисиите за земјоделство и лозарство кои денеска излегоа на увид за да ги согледаат штетите од невремето.

 

Сите граѓани кои се соочија со штети од обилниот дожд можат да пријавуваат во граѓанско информативниот центар при општина Кавадарци, а дополнително ќе се утврдува дали оштетените ќе бидат обесштетени.

 

„Констатиравме дека  се направени одредени штети на земјоделски  површини во околината на речното корито на реката Луда Мара кај Глишиќ. Реката е излеана поради нерегулираното корито. Штетите се од карактер што граѓаните можат да ги пријават во општината “ рече Трајче Грков член на комисијата за лозарство и нагласи дека Кавадарци има конфигурација на теренот која не дозволува поголемо излевање на водата од Луда Мара.

 А.Данов



Share

Додади коментар