Општината со апел до кавадарчани за време на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“
06-09-2018 РЕГИОН

 

Општина Кавадарци ги повикува граѓаните за време на гроздоберските свечености без некоја посеризна потреба да не ги користат своите автомобили за движење во строгиот центар на градот каде ќе се довиваат настаните од годинешната манифестација „Тиквешки гроздобер„.

 

Воедно апелира до граѓаните нивните автомобили да не ги паркираат на улиците како би се обезбедиле паркинг места за гостите од страна кои во деновите од 7 до 9 септември ќе го посетат Кавадарци.

 

Почитувани граѓани со воздржувањето од непотребното користење на возилото за време на „Тиквечкиот гроздобер“ 2018год. ќе дадете свој личен придонес во негово подобро и непречено организирање и одвивање на програмските содржини.

 

Општина Кавадарци ќе ви биде благодарна, а вие ќе помогнете во потврдувањето на епитетот дека кавадарчани се луѓе со широко срце и отворена душа за секој гостин и патник добронамерник - се истакнува во соопштението од општина Кавадарци.

 



Share

Додади коментар