Општина Росоман распиша конкурс за доделување на општинското признание
28-11-2013 РЕГИОН
Општинското признание „17 ти декември“ се доделува на лица од општина Росоман и од земјава кои имаат посебни заслуги за развој и промоција на општината, како признание за особени постигнувања и придонес во афирмацијата и развојот на општината во стопанството, науката, уметноста, образованието, културата и спортот.
Конкурсот е веќе распишан и трае до 10 декември. Предлозите се доставуваат до Комисијата за образование, култура, спорт и одбележување на празници и манифестации во општина Росоман.
Признанието се состои од плакета, а право да предлагаат кандидати имаат лица со место на живеење во општина Росоман.

Додади коментар