Општина Росоман го одбележа 18-от роденден
17-12-2014 РЕГИОН

Општина Росоман денешниот ден го одбележува како роденден на општината. Пред 18 години за првпат Росоман стана  административен центар на селата од црноречието. По тој повод денеска советот на општината одржа свечена седница во салата на ООУ „Пере Тошев“ на која присуствуваа градоначалници на општините од Вардарскиот регион, гости од збратимените општини Пладниште –Србија и Конак-Турција.

Претседателот на советот Марјанчо Пенчев нагласи дека постои одлична соработка помеѓу советниците од сите советнички групи и градоначалникот, а таа соработка дава одлични резултати во подобрувањето на условите за живот на сите жители на општината.

„Донесовме голем број на одлуки и решенија со кои се подобрува животот во општината. Советот е секогаш на висина на задачите. Работиме во интерес на граѓаните и бизнис секторот“ рече Пенчев.

Градоначалникот Стојначе Лазов говореше за сработеното, за растежот и развојот на општината за време на небовиот мандат. Им се заблагодари за соработката на градоначалниците од околните општини и за подршката што ја добива општината од владата.

„Локалната самоуправа со владата активно учествуват во развојот на општината. Реализиравме бројни проекти за комунално уредување како на Росоман така и на останатите населени места. Даваме голем придонес за решавање на проблемот со водоснабдувањето. Изградивме спортска сала во училиштето, го реновиравме училиштето, отворивме детска градинка. Реализиравме повеќе проекти за развој на општината и со подршка од Вардарски плански регион. И понатаму ќе продолжам да ги реализирам ветените проекти во изборната програма“ рече Лазов.

На денешната свечена седница беа доделени и награди и признанија на ученици кои ја афирмираат со своите резултати општината но и училиштето „Пере Тошев“.  Признанија им беа врачени на учениците Марија Цветкова, Филип Јовановски и Мартина Вељковиќ.

Градоначалникот Лазов, пак, им ги врачи решенијата за трансформација на работниот однос на наставничките Силвија Трајкова и Розалија Ризова и на секретарот на училиштето Оливер Петров.

Свечената седница беше збогатена и со културно уметничка програма од учениците во ООУ „Пере Тошев“.

 

Ангел Данов



Share

Додади коментар