Ќе се стимулира зголемувањето на наталитетот во општина Росоман. За секое првороденче Локалната Самоуправа ќе исплаќа еднократен надоместок во висина од 3000 денари
Еднократен паричен надоместок во висона од 3000 денари за секое првороденче ќе исплаќа Општина Росоман.
Одлуката едногласно ја донесоа советниците, а со истата општината ќе го стимулира зголемувањето на наталитетот. Иако мала за разлика од останатите општини кој исто на ваков начин стимулираат , Росоман има стратегија да ги издвои од буџетот овие средства, вели градоначалникот Стојанче Лазов. Според него од 40 до 60 новороденчиња во една година добива Општината неколку години наназад.
Општина Росоман заклучно со јануари 2017 та за првороденче исплаќаше по 1500 денари. Со новата одлука на советот оваа сума се зголемува на 3000 денари.
М.М
Додади коментар