ОПШТИНА НЕГОТИНО ПРОДАВА АТРАКТИВНИ ГРАДЕЖНИ ПАРЦЕЛИ
25-12-2013 РЕГИОН

Со намена за лесна индустрија и стоваришта,  Неготино продава атрактивни градежни парцели по пат на електронско јавно наддавање. Земјиштето е во сопственост на Република Македонија, а се наоѓа вон населено место.

Се продаваат  вкупно 7 парцели со почетна цена од 61 денар за метар кавдратен. Исто така, се продаваат и 3 градежни парцели во Урбан блок 5.1 во Неготино наменети за изградба на објекти за индивидуално домување со почетна цена од 373 денари за метар кавдратен, како и две градежни парцели во детален урбанистички план во Неготино за индивидуално домување со почетна цена од 61 денар за метар квадратен.

Општината објави и продажба на една градежна парцела за домување во станбени згради и тоа една парцела со почетна цена од 680 денари за метар квадратен. Заинтересираните можат да доставуваат пријави за јавно наддавање до 23 јануари следната година, а лицитацијата ќе се одржи на 27 јануари.

Бидејќи станува збор за градежни локации со извонредно атрактивна местоположба во близина на автопатот и железничката пруга, од локалната самоуправа очекуваат голем интерес за нивна продажба.



Share

Додади коментар