Евентуалните врнежи од снег оваа година, исто како и предходната, нема да ги изненадат надлежните во локалната самоуправа Неготино задолжени за зимско одржување на патната мрежа.
Според зборовите на одговорниот комунален инспекктор Бранко Велјанов општината со средства од сопствениот Буџет изврши набавка на вкупно 4.000 тони сол, со напомена дека и од минатата година останати се залихи од околу 1.800 тони сол, што се смета дека ќе бидат доволни количини за навремено и непречено расчистување на уличната мрежа при евентуални врнежи од снег.
Исто така, се очекува во најскоро време да пристигнат и потребните количини ризла, па заедно со расположливата механизација што ја има локалното комунално претпријатие и ангажирана стручна фирма за тоа, се очекува брзо и ефективно расчистување на улиците при врнежи од снег.

Додади коментар