Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Неготино, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година усвоен од Владата на Република Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ, објавен е јавен оглас за пријавување на евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата општинско - корисна работа.
Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Продолжување на функционирањето на игралните во руралните средини и воведување на нови иновативни социјални услуги за деца со посебни потреби вклучени во образовниот процес” за работно ангажирање со скратено работно време за период од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Неготино.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 9 (девет) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата. За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари месечно, со вклучен персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.
Додади коментар