Општина Неготино го објави конкурсот за наградата „8 ми ноември“
04-10-2016 РЕГИОН
Од денеска до 21 октомври во службите на локална самоуправа Неготино ќе може да се доставуваат апликациите за осмо ноемвриската награда.
На огласот може да се пријавуваат и приватни и физички лица, а по расправата на комисијата конечната одлука за нагреданите ја носи советот на општина Неготино.
Признанието традиционално ќе биде доделено на свечената седница по повод општинскиот празник 8 ноември информира на прес конференција Методи Митрев од службата за односи со јавноста.
М.Младенова

Додади коментар