Општина Кавадарци ќе субвенционира купување велосипеди
03-05-2018 РЕГИОН

 

 

Двеста илјади денари општина Кавадарци ќе потроши од буџетот за субвенционирање на дел од трошоците за купување на велосипеди. Денеска општината го објави јавниот повик, а субвенционирањето има за цел да ги стимулира граѓаните за користење на велосипеди.

 

Субвенции ќе се даваат се до потрошување на предвидените средства во буџетот.  Средствата што ќе ги надоместува Општина Кавадарци се во износ од 50% од цената на велосипедот, но не повеќе од 4.000 денари, нето износ, по лице.

 

Право на учество на овој јавен повик имаат жителите на Општина Кавадарци кои ќе купат велосипед од денот на објавување на Јавниот повик се до исцрпување на буџетот наменет за таа намена, но не подоцна од 31.12.2018 година.

 

За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите за учество се исполнети, бартелот до Општина Кавадарци потребно е да достави  Барање за надоместок (Барањето може да се подигне во Сектор за ЛЕР на Општина Кавадарци или да се обезбеди од интернет страницата www.kavadarci.gov.mk), доказ за жителство во Општина Кавадарци, со доставување копија на важечка лична карта на барателот, копија од трансакциска сметка на барателот, доказ дека е извршено купување на нов велосипед и тоа со копија од фискална сметка или фактура и извод од деловна банка со дата од денот на објавување на повикот.

 

 Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на надоместок за еден велосипед.

 

 Барањето за искористување на правото за надоместок на дел од трошоците за купување на велосипед, заедно со потребната документација, треба да се достави до Општина Кавадарци  Пл.Маршал Тито бб, во архивата на Општина Кавадарци, секој работен ден од 08:30 до 16:00 часот.

  

Општина Кавадарци, во зависност од динамиката на пристигнување на пријавите, периодично ќе ја известува јавноста за преостанатите средства, се до нивно целосно искористување, но не подоцна од 31.12.2018 година. Доколку бидат исцрпени сите предвидени финансиски средства, Општина Кавадарци ќе го објави завршувањето на јавниот повик.

 

А.Д

 

 

следете ја програмата на КТВ од било каде...

 



Share

Додади коментар