Млади високообразовани личности можат да се пријават на јавниот повик што го објави општина Кавадарци за јакнење и промовирање на секторот за локален економски развој.
Кандидатите кои ќе аплицираат по повикот потребно е да имаат завршено универзитетско образнование од економски,правни и општествени науки. Потребно е да имаат познавање на англиски јазик, минимум ниво Ц1, и да имаат познавање за изработка на проектни апликации.
Заинтересираните кандидати потребно е да достават кратка биографија и мотивационо писмо.
Пријавата заедно со бараните документи да се достават во затворен плик со назнака ,,Јавен Повик- Сектор ЛЕР,, во архива на Општина Кавадарци најдоцна до 16 Фебруари 2018 година до 16 часот. Пријавите пристигнати по наведениот рок нема да се разлегуваат.
По разгледување на пријавите кандидатите ке бидат повикани на разговор, се наведува во јавниот повик кој е во тек.
А.Д
Додади коментар