Согласно добиените известувања од Управата за Хидрометеоролошки работи, ги информираме граѓаните на Општина Кавадарци дека следи дестабилизација на времето проследена со врнежи од дожд проследен со електрични празнења во форма на невреме како и засилен ветер од југоисточен правец.
Оваа дестабилизација се очекува да биде поинтензивна денеска, додека во наредните денови врнежите би била со поумерен интензитет.
Во нашата општина се очекува да наврнат од 30 до 50 литри на м2, и да дува ветер со брзина до 30 km/h.
Со оглед на тоа се информираат и предупредуваат граѓаните да бидат крајно внимателни и во случај на невреме да избегнуваат засолнување под стебла.
Во случај на поплави и излевање на шахти граѓаните да се обратат на дежурните телефони на Мој општинар - се вели во соопштението од локалната самоуправа.
Додади коментар