Општина Кавадарци со препораки за заштита на воздухот
13-11-2020 РЕГИОН
Согласно известувањето од Одделението за мониторинг на квалитет на воздух сектор македонски информативен центар за животна средина при Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија и согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на информирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри g/m3(надминување на вредноста од 100 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, од Општина Кавадарци на граѓаните им препорачуваме :
 
- Да се користи јавниот превоз
- Возила да не се користат без поголема потреба
- Повеќе лица да се возат со едно возило во исто време
- Да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал
- Правилно да се користат печките за дрва.
 
 
Во вакoв случај Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на РМ ги даваат следните препораки:
- Ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хоронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот.


Share

Додади коментар