Општина Кавадарци со повик: Платете данок на имот и фирмарина!
03-04-2018 РЕГИОН

 

Под мотото „Наши пари за нашата општина“ општина Кавадарци упати јавен повик до граѓаните, редовно да го плаќаат данокот на имот, бидејќи тие пари општината ги вложува за подобрување на условите за живот во сите населени места од општината.

 

„ Локалната самоуправа има обврски како што се изградба, одржување и унапредување на инфраструктурата. Сето тоа бара многу средства, а парите што државата ги издвојува за таа намена не се доволни да ги покријат потребите. Законот за даноците на имот, на општините им овозможува сопствени приходи преку наплата на Данок на имот на физички и правни лица, како и на Комунална такса за Истакната фирма од правните лица, познат како фирмарина. Овие пари за општината значат многу, а истите ги наменува за потребите на граѓаните„ стои меѓу другото во повикот.

 

Од општината објаснуваат за што се трошат парите собрани од данокот на имот и нагласуваат дека тоа се пари за одржување на улиците, за подобро осветлување, за средување на инфраструктурата.

 

Исто така овие пари се наменети за образованието, социјалната заштита и локалниот економски развој, за култура и спорт.

 

„Со парите од данокот на имот, општината ги реновира училиштата, ќе набави нова опрема во кабинетите, ќе ја подобри хигиената- за подобри услови во училиштата на нашите деца. Тоа се пари од Данокот на Имот во ОБРАЗОВАНИЕТО.          

Парите од данокот на имот исто така се користат и за грижа за пензионерите, хендикепираните лица, како и лицата на кои им е потребна помош.

-Општината со вашите пари организира културни настани, ги подобрува библиотеките.Гради игралишта за деца. Сето тоа може да се финансира со парите од данок на имот во развојот на КУЛТУРАТА и СПОРТОТ.

           ЛОКАЛНИОТ ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ може да се организира и со помош на парите од Фирмите во општината кои плаќаат данок на имот, како и комунална такса за истакната фирма, за возврат од општината добиваат подобра инфраструктура и уредување на индустриски зони.

 

Почитувани граѓани токму заради сето ова треба да плаќаме Данок на Имот и Фирмарина. Тоа се НАШИ ПАРИ ЗА НАШАТА ОПШТИНА. Плаќањето данок на имот е должност на секој граѓанин но во исто време и придонес на поединецот во иднината на неговата општина.

 

            Платете го вашиот данок навреме, нашата општина Кавадарци ќе ви биде благодарна. Ќе добиете поубави улици, подобро осветлување, место за изградба на фабрики и нови работни места, поубави и посовремени училишта, гостување на познати уметници, музичари, рок групи, а пензионерите поубави простори за рекреација.

 

Платете го данокот – општината ќе ви биде благодарна, а вие ќе се чувствувате горди и среќни затоа што тоа се вашите пари – стои на крајот во јавниот повик од општината.



Share

Додади коментар