Локалната самоуправа Кавадарци им се обраќа на граѓаните да си го платат данокот на имот, појаснувајќи им дека нивните пари се наменети за изградба, одржување и унапредување на инфраструктурата.
„Парите од данокот на имот се користат за одржување на улиците, за подобро осветлување, за почиста околина односно инфраструктура. Со парите од данокот на имот, општината ги реновира училиштата, ќе набави нова опрема во кабинетите, ќе ја подобри хигиената. Парите од данокот на имот исто така се користат и за грижа за пензионерите, хендикепираните лица, како и лицата на кои им е потребна помош преку социјална заштита. Со вашите пари се организираат културни настаним се подобрува библиотеката, игралиштата за деца“ се наведува меѓу другото во апелот од општината до кавадарчани.
Општината исто така ги информира граѓаните дека од први декември годинава ќе започне да доставува опомени до оние физички и правни лица кои не ја подмириле законската обврска кон општината.
A.Д

Додади коментар