Градоначалникот Александар Панов и Општината Кавадарци се проклучуваат на повикот на Владата на Република Македонија и на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) во спроведувањето на Хуманитарната акција за прибирање на финансиска и материјална помош за настраданите подрачја од поплавите во соседна Република Србија.
Општна Кавадарци и нејзините граѓани со особено внимание ги следат вестите за големите поплави предизвикани од временските неприлики кои ја погодија соседна Србија посебно во збратимените и рпијателски општино.
Општина Кавадарци упатува апел до своите граѓани доколку се во можност да одговорат позитивно на повикот и да донираат помош за настраданите во Србија.
Општината Кавадарци на располагање ги стави сите свои расположиви ресурсурси, заено со Општинскиот црвен крст доколку е потребно да упати и друг вид на помош кон нашите пријатели во Србија.
Општината и градоначалникот веднаш по викендот ќе пристапат кон практично спроведување на хуманитарната акција.
Додади коментар