Општина Кавадарци објави јавен оглас за формирање на партиципативно тело
26-01-2024 РЕГИОН

За обезбедување на инклузивност, партиципативност и јавност во процесот на урбанистичкото планирање, Градоначалникот на Општина Кавадарци распишува Јавен оглас за формирање на Партиципативно тело.

Јавниот оглас ќе трае 30 дена, односно во периодот од 25.01.2024 година до 23.02.2024 година.

Јавниот оглас ќе биде објавен на веб страна на Општина Кавадарци https://kavadarci.gov.mk, на огласна табла во Општина Кавадарци и во две јавни гласила.

 

Пријава од заинтересирани лица за учество во Партиципативното тело се доставува во горе определениот рок во архива на Општина Кавадарци и треба да содржи контакт информации (име и презиме, адреса и телефон) како и кратко образложение за начинот на кој заинтересираното лице смета дека ќе придонесе во работата на Партиципативното тело. Лицата чии пријави ќе бидат прифатени, ќе бидат назначени за членови на Партиципативното тело и за истото ќе бидат известени во писмена форма.

 

Партиципативното тело ги претставува сите различни интереси и интересни групи во локалната заедница и ги пренесува ставовите, мислењата и потребите на граѓаните и правните лица, ги следи состојбите во планирањето преку давање на иницијативи, насоки и сугестии за изготвување на плански решенија и во постапка за изработување и донесување на плановите ги разгледува планските програми и планските решенија на урбанистичките планови во нивната работна верзија.

 

Партиципативното тело има консултативна улога, а учеството на лицата членови во партиципативното тело е на доброволна основа.



Share

Додади коментар