Невладините организиации од денеска можат да доставуваат барања до локалната самоуправа за користење на пари од општинската каса за 2015 година согласно јавниот повик што општината го објави денеска а се однесува за финансирање на проекти и програмски активности на здруженија и фондации.
Сите заинтересирани Здруженија и Фондации своите предлози треба да ги достават до Општина Кавадарци, Сектор за локален економски развој. Средствата се однесуваат за планирани активности и проекти за период до крајот на 2015 година. Средствата ќе се обезбедат од Буџетот на Општина Кавадарци за 2015.
Граѓанските здруженија и фондации за да чучествуваат на јавниот повик треба да се регистрирани според Законот за здруженија и фондации со седиште во Кавадарци, да спроведуваат активности од минимум една година, да се занимаваат со активности и проекти од јавен интерес, да не добиле средства или пак да не поднеле пријава од друг орган на државната управа или други извори за иста намена и активности за кои поднесуваат пријава, а што би значело двојно финансирање на истите активности од различни извори.
Заинтересираните за овој јавен повик за да аплицираат потребно е да ја обебзедат следната документација, компјутерски пополнета Пријава за финансиска поддршка на здруженијата и фондациите, потпишана од застапникот на здружението или фондацијата и заверена со печат на здружението или фондацијата, да обезбедат фотокопија од решението за регистрација на здружението или фондацијата, да ја наведат жиро сметка . Да достават годишен извештај за спроведени активности на здружението или фондацијата за претходната година, финансирана од буџетот на Општина Кавадарци;
Од локалната самоуправа нагласуваат дека пријавите кои не ја исполнуваат комплетноста на задолжителната документација не се разгледуваат понатаму. Крајниот рок за поднесување на пријавите е до 1 декември до 16.30 часот.
Пријавата за финансиска поддршка на здруженија и фондации, како Образецот за предлог - проект се достапни на интернет страната на општина Кавадарци: www.kavadarci.gov.mk.
А.Д
Додади коментар