Од денеска до крајот на мај е отворен јавниот повик за поднесувања барања за надоместување на дел од трошоците на граѓаните од општина Кавадарци за купување велосипеди во тековната година.
Општина Кавадарци, со цел да ги стимулира граѓаните за користење на велосипеди, обезбедува повраток на дел од потрошените средства, за набавка на велосипед од денот на објавување на овој јавен повик, се до исцрпување на буџетот наменет за таа намена, но не подоцна од 31.12.2019 година.
Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „Јавно извлекување“.
Средствата што ќе ги надоместува Општина Кавадарци се во износ од 50% од цената на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари, нето износ, по лице.
Јавниот повик е објавен на веб страната на Општина Кавадарци и електронски медиуми.
Додади коментар