Општина Кавадарци објави повик за времено ангажирање на лица со ниски квалификации
04-06-2018 РЕГИОН

 

 

Општина Кавадарци денеска го објави јавниот повик за вклучување на невработени лица со ниски квалификации во проекти од инфраструктура и заштита на животната средина на локално ниво.

 

Како што се наведува во повикот, ќе бидат ангажирани  12 лица кои доброволно ќе извршуваат активности за оплеменување на зеленилото низ градот, засадување нови садници, подигање нови зелени површини, средување на јавните зелени површини, кастрење на вегетацијата, одржување на селски патишта и фудбалски игралишта.


Времетраењето на ангажманот е 22 дена, а ќе се регулира со склучување на договор. На невработените ќе им се исплаќа по 400 денари по работно ангажирано лице дневно, со вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.

 

„На корисниците на парична помош за времетраењето на мерката ќе им биде активно правото на користење на социјална помош“- стои во повикот.

 

Заинтересираните лица потребно е да достават пријава, копија од лична карта и трансакциска сметка до општина Кавадарци. Рокот за пријавување е во наредните пет дена.

 

А.Д



Share

Додади коментар