Општина Кавадарци ги повикува сите заинтересирани граѓани и млади лица над 15 години да се пријават на јавниот повик кој е објавен денеска за волонтерска работа за потребата на општината околу спроведувањето на проектот „За чисто и убаво Кавадарци“.
Кандидатите кои ќе се пријават на овој повик доброволно ќе извршуваат активности за почист и озелент град и тоа, подигање на нови зелени површини низ градот, садење дрвца, кастрење на вегетација, одржување на селски патишта и фудбалски игралишта, чистење и одржување на јавната чистота на повеќе локации и тоа градфски парк, месноста Моклиште, главните влезови на градот и други локации.
Повикот е објавен денеска, а е од отворен карактер. Волонтерската работа ќе се извршува од 20 мај годинава до 31 декември. Ќе се склучи договор за волонтирање.
Заинтересираните потребо е да достават пријава до општината со назнака за јавен повик за аплицирање на кандидати за волонтирање во општина Кавадарци или во граѓанскиот услужен центар.
Пријавените кандидати ќе бидат повикани да започнат со вршење на волонтерска работа.

Додади коментар