Општина Кавадарци објави конкурс за наградата „7 ми септември“
19-07-2016 РЕГИОН

 И годинава општина Кавадарци по повод денот на ослободувањето на градот ќе ја додели наградата „7 ми септември“. Денеска општината го распиша конкурсот за доставување на предлози за поединци и правни лица кои имаат придонес во развојот и афирмацијата на општината.

 

Наградата " 7 Септември “ на градот Кавадарци  се доделува на физички и на правни лица како знак на признание на Градот Кавадарци, за остварувања, во стопанството, науката, публицистиката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на Градот и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и во светот.

 

На ученици и на студенти Наградата се доделува за творечки труд или континуирани ,успешни постигнувања во наставните и вон наставните активности што претставуваат посебен придонес за напредокот и афирмацијата на градот Кавадарци.

Како што предивидуваат критериумите, наградата „7 ми септември“ се доделува за остварувања во изминатиот период од една година, како и за подолг изминат период кој претставува заокружена  творечка или континуирана работна целина.

 

 Наградените ќе добијат дипломи и плакета, а предлогот за наградата треба да биде детално образложен, а за кандидатите поединици да биде содржана и биографија.   Кон предлогот за доделување на Наградата за печатени дела и други изданија се приложуваат и два  примерока од делото. Правилата обврзуват предлагачот да ги наведе својот полн назив, адресата и телефонскиот број, а предлозите и иницијативите да се достават најдоцна до 20 август 2016 година. Формулар за конкурирање за Наградата „7 Септември“ на град Кавадарци може да се подигне во Граѓанско информативниот центар во Општина Кавадарци.

A.Д



Share

Додади коментар