ОПШТИНА КАВАДАРЦИ: НЕМА ПОКАЧУВАЊЕ НА ДАНОКОТ НА ИМОТ - НАПРАВЕНО Е УСОГЛАСУВАЊЕ (видео)
07-06-2018 РЕГИОН

 

„Најодговорно тврдам дека нема никакво зголемување на данокот на имот “ - рече денеска на прес конференција градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, одговарајќи на обвинувањата од СДСМ и побара извинување, за како што рече изнесените дезинформации.

 

Јанчев ги повика граѓаните кои сметаат дека има некаква грешка во даночното решение да се обратат до општинсите служби и без трошоци грешките ќе се корегираат.

 

Од Службите на општината нагласија дека направено е усогласување на даночните решенија со фактичката состојба на имотот на граѓаните по имотни листови.

 

А.Д

 

 

 



Share

Додади коментар