Општина Кавадарци, врз основа на Програмата за волонтирање за 2018 година, има потреба од ангажирање волонтери кои ќе се вклучат во проектот „За чисто и убаво Кавадарци“.
На овој повик можат да се пријават млади лица над 15 години.
Јавниот повик се објавува поради потребата на Општина Кавадарци за ангажирање до 40 лица- волонтери , кои доброволно ќе извршуваат активности за почист и позелен град и тоа:
- оплеменување на зеленилото низ градот,
- засадување на нови садници,
- подигање на нови зелени површини низ градот,
- средување на јавните зелени површини низ градот,
- кастрење на вегетацијата,
- и одржување на селските патишта и фудбалски игралишта ,
- како и чистење и одржавање на чистотата на повеќе локации како што се: просторот на поранешна дискотека Ла Луна, градски парк, месноста Моклиште, околината покрај новиот суд, главните влезови на градот, околината кај споменикот 12 те Другари и други локации.
Времетраењето на волонтерската работа е од 01.05.2018 година до 31.07. 2018 година кое ќе се регулира со склучување на договор за волонтирање.
Заинтерсираните лица потребно е да достават Пријава на следната адреса: Општина Кавадрци , ул. Плоштед Маршал Тито бб со назнака за јавен повик за аплицирање на кандидати за волонтирање во Општина Кавадарци или дирекно во архива на Општина Кавадрци соба бр.20.
Рокот за пријавување е до 26.04.2018 година.
По завршувањето на рокот за пријавување по јавниот повик, пријавените кандидати ќе бидат повикани да започнат со вршење на волонтерската работа.
Додади коментар