Општина Кавадарци издала над 50 решенија за поставување на фото напонски панели
07-11-2022 РЕГИОН

Вкупно 56 лица, од кои 52 правни и 4 физички лица доставиле до општина Кавадарци барања за поставување на фото напонски панели за производство на електрична енергија од обновливи извори кои се поставуваат на објекти.  Од локалната самоуправа информираат дека за овие барања било  одлучено со решение од градоначалникот. Во процес на издавање на решенија биле  уште 9 барање од кои 7 се поднесени од правни лица, а 2 од физички лица.

 

Вкупната инсталирана моќност за сите одобрени барања и они кои се во процес за поставување на фотонапонски панели изнесува 17,7 М/W.

 

Исто така барања за изградба на фотонапонски панели за производство на електрична енергија од обновливи извори кои се градат на градежно земјиште имаат поднесено вкупно 9 баратели- сите правни лица, а во процес се уште две барања поднесени од страна на правни лица. Вкупната инсталирана моќност на фотонапонските централи за кои се издадени одобренијата за градење или е во тек постапката по истите, изнесува 16,1 М/W.

 

Оваа бројка е јасен показател дека Кавадарци брзо и сигурно станува ,,зелен град’’ кој се повеќе преминува во користење на сончевата енергија за производство на електрична енергија за домаќинствата  и индустријата – велат од општина Кавадарци.



Share

Додади коментар