Локалната самоуправа Кавадарци ја продолжува подршката за лицата со хендикеп. Советот донесе одлука, а денеска градоначалникот додели три електрични колички за лица со инвалидност. За оваа намена од буџетот се потрошени 220.000 денари. Потребата за полесен живот на лицата со инвалидност од овие колички е огромна.
„По трет пат, на различни начини и во различни количини донираме вакви колички, со цел да им помогнеме на луѓето кои имаат хендикеп и се од социјално загрозени семејства. Со тоа на некој начин се обидуваме да им го разубавиме животот, да можат да прошетаат, да се дружат и да ги извршуваат своите дневни потреби. Минатата година дониравме пет вакви колички, заедно со ротари клубот, сега се три. Претходно дониравме и половни. Од претседателот на здружението имаме сугестија да се набават колички со џоистик и за луѓето кои имаат хендикеп на рацете Овие луѓе се наши браќа, братучеди , наши соседи, од нашето маало,месна заедница и апалирам да се вклучи со помош и бизнис секторот. Не само владата, туку и комапниите да започнат да вработуват и тие луѓе со телесен хендиокеп. Сеуште се нема релизирано апелот од „Дрекслмаер“, кој го прифатија претходно. Најавив уште минатата година, еве уште еден апел, како компанија која вработува најмногу луѓе да издвои дел од својот буџет. Ние сме спремни како ЛС да донираме и да влијаеме финансиски во набавката на едно возило кое ќе ги поревезува овие лицва. Одземеноста на нозете не значи дека не функционира и цело тело.“ рече градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов.
Претседателот на Здружението на телени инвалиди „Мобилност“, Михајло Михајлов од името на сите членови искажа благодарност за донираните колички и кажа дека со нив многу им се олеснува секојдневниот живот.
„Согласно конвенцијата на Обединетите нации за израмнување на правата на лицата со хендикеп, со овие донации градоначалникот и локалната самоуправа ни го олеснува нашиот начин на живеење од било кој аспект. Се надевам дека и во идина ќе имаат разбирање и да ни помагаат, бидејќи и ние имааме право на живот. И сепак , филозофски и емотивно, судбината е непишано правило“ рече Михаилов.
Секретарот на здружението Славка Тотовска очекува дека ваквиот тренд на донирање за лицата со хендикеп ќе се следи и во иднина.
„ Ова е пример како се врши инклуција на овие лица во општественото живеење. Највата за вработување е уште еден пример дека и овие лица имаат право да се вклучат во образование и вработување“ рече Тотовска.
Општина Кавадарци досега има донирано десетина електрични колички, а за лицата со инвлаидитет изграден е лифт во општинската зграда и повеќе платформи за пристап на овие лица во образовните и јавните институции.
Ангел Данов
Додади коментар