Општина Кавадарци доби 29 милиони денари за инфраструктурни проекти во селата
18-08-2015 РЕГИОН

Општина Кавадарци денеска ги доби решенијата за два инфраструктурни проекти кои ќе ги реализира секторот за локален економски развој, а се подржани од Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој.

Со цел подорување на животот во руралните средини беше прифатен од Агенцијата проектот за урбанизација на седум села во општина Кавадарци. За овој проект општината ќе добие околу 9 милиони денари, а вториот проект кој исто така беше прифатен од Агенцијата е за подобрување на патната инфраструктура во руралните средини.

Имено овој проект ја опфаќа реконструкцијата на патот Крњево-Бохула во должина од 6 километри. Овој проект Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој го подржува со близу 20 милиони денари.

 

А.Д



Share

Додади коментар