Општина Кавадарци дава целосна поддршка за отворање на домови за лицата со посебни потреби
12-06-2018 РЕГИОН
Во изминатите денови сме сведоци на протести во с.Тимјаник поради одлуката на Министерството за труд и социјална политика за оспособување на простор за мал групен дом за деца со попреченост во развојот.
Општина Кавадарци дава целосна поддршка за отворање на мали групни домови. Отворени сме за соработка со Министерството за труд и социјална политика со сите ресурси кои ги има на располагање Општина Кавадарци.
Секое дете заслужува безгрижно детство, секое дете заслужува да расте во средина која нуди добри услови и секое дете има право на грижа и топла прегратка - се вели во писменото обраќање од градоначалникот Митко Јанчев.
Додади коментар