Општина Кавадарци: Да се дезинфицираат влезовите на зградите!
19-03-2020 РЕГИОН

Согласно донесените препораки,заклучоци и мерки од Комисијата за заразни болести при Министерството за здраство и Владата на РС Македонија,им се препорачува на управителите и претседателите на станбените згради во Општина Кавадарци,во координација со Центарот за Јавно Здравје Кавадарци, да извршат дезинфекција на влезовите,  заедничките простории и лифтовите на сите станбени згради.
Ова се препораки поради заштита и превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус) - се вели во известувањето од Кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.



Share

Додади коментар