Општина Кавадарци го објави конкурсот за наградата „7 ми септември“
04-08-2017 РЕГИОН

 

До 20 август сите граѓани можат да доставуваат предлози за доделување на највисокото општинско признание „7 септември“ кое се доделува на прославата по повод ослободувањето на градот. Општината го објави конкурсот на кој може да се доставуваат предлозите.

 

Наградата „7 Септември“ на градот Кавадарци се доделува на физички и на правни лица како знак на признание на Градот Кавадарци, за остварувања, во стопанството, науката, публицистиката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на Градот и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и во светот.

 

Наградата „7 ми септември“ исто така се доделува на ученици и на студенти, за творечки труд или континуирани ,успешни постигнувања во наставните и вон наставните активности што претставуваат посебен придонес за напредокот и афирмацијата на градот Кавадарци.

Како што е наведено во конкурсот, наградата се доделува за остварувања во изминатиот период од една година (сметано до звршувањето на конкурсот), како и за подолг изминат период кој претставува заокружена творечка или континуирана работна целина.

 

Наградените ќе добијат плакета и диплома. Предлогот за Наградата треба да биде детално образложен, а за кандидатите поединци да содржи и биографија. Кон предлогот за доделување на Наградата за печатени дела и други изданија се приложуваат и два (2) примерока од делото, предлагачот е потребно да ги наведе својот полн назив, адресата и телефонскиот број. Формулар за конкурирање за Наградата „7 Септември“ на град Кавадарци може да се подигне во Граѓанско информативниот центар во Општина Кавадарци.

 

A.Д



Share

Додади коментар