Со одлука на советот, извршена е распределба на финансиски средства на невладиниот сектор во општина Кавадарци, по претходни апликации на јавен повик за предлагање на проекти, согласно општинската програма за развој на невладиниот сектор за 2024 година.
Здружение за родова еднаквост Визија Кавадарци добива 250.000,00 денари, Доброволно противпожарно друштво „САШКО ГЕШОВСКИ“ Кавадарци 200.000,00 денари, 180.000 денари се доделени на здружение на мотоциклисти Мото клуб Тиквеш Рајдерс, Здружението Џоломари добива 150.000 денари. По 120.000 денари општината додели на „Џаламари-Василичари и на здружението „Васил Хаџи Манов-јуниор“.
Од општинската каса со по 100.000 денари ќе се поддржат активностите на Здружение на граѓани Кавадион, балетско студио “Венус” при Здружение на граѓани “Сцена прва”, Здружение на граѓани Љубители на уметноста и културата РОДНОКРАЈЦИ, Здружение на граѓани „Мултисинапсис“, еколошко друштво Тисовец, Здружение на граѓани Кинолози 7ми Септември, Инвалидско здружение на лица со стома и Здружение на граѓани Тиквеш Бајк.
Здружение на граѓани Нова Цивиста добива 80.000,00 денари. Здружение на граѓани – Ликовна колонија “Михајлово Арт” Кавадарци 70.000,00 денари, Центар за Поддршка на Детскиот Развој – ЦПДР, Кавадарци 60.000,00 денари, Здружение за екологија, животна средина и просторно планирање “Еко-Индикатор” - Кавадарци 50.000,00 денари. Иста сума добиваат и Здружение на граѓани „Иднината е сега“, Здружение за развој, едукација и забава на децата со занаети и професии ПАНЧЕЛИТО Кавадарци, Здружение на граѓани „Зона“ и Здружение на граѓани Ластарчиња лозарчиња.
Како што стои во одлуката, одобрените финансиски средства ќе се исплатат врз основа на склучен Договор за финансирање согласно моменталните состојби на општината кои се однесуваат на исполнувањето на Буџетот, а треба да се користат наменски за проектни активности предвидени во доставените предлог проекти.
А.Д
Додади коментар