Општина Кавадарци ги подржува граѓанските здруженија
03-07-2013 РЕГИОН

24 невладини организаиции и здруженија се пријавиле на Јавниот повик за прибирање на барања за користење на средствата од буџетот на општината за 2013 година за финансирање на нивни проекти и активности.

Кавадаречкиот совет на последната седница ја усвои одлуката за распределба на финансиски средства. По 10.000 денари добиваат Здружението на глуви и наглуви лица, спелеонуркачкиот клуб „Врело“, организација на жени „Визија“, Сојузот на  борците од народноослободителната  и антифашистичка војна, Здружението на спортски риболовци “Рибари Оскар“, здружението на глуви и наглуви лица Кавадарци, “Порака“, локален центар за подршка на демократијата и развојот, Здружение на лица со телесен инвалидитет Мобилност и здруѓението на слепи лица. 15.000 денари ќе се доделат на Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди Кавадарци.

Со по 20.000 денари општината ќе ги помага програмите и активностите на Општинскиот совет за превенција од малолетничко престапништво на град Кавадарци, еколошко друштво Тисовец“ с. Возарци, Совет за превентива против малолетничка деликвенција, Сојуз на здруженијата за техничка култура-Народна техника.

Од општинската каса по 30.000 денари ќе им бидат трансферирани до Здружението за заштита и унапредување на животната средина „Еко Живот“, Здружение асоцијација за односи со јавноста на Македонија-Скопје, здружението на приватни здравствени установи по стоматологија и општинската организација на Црвен Крст Кавадарци.

39.000 денари ќе добие здружението Вешта жена, 40.000 денари здружението на граѓани за заштита, рехабилитација и организација на децата Кавадарци. Здружението на граѓани „Зона“ за своите активности ќе добие 60.000 денари, а здружението Ластарчиња 90.000 денари.

Од општината нагласуваат дека врз основа на претходно спроведена анкета и врз основа на доставените проектни предлози од страна на Невладиниот сектор од општина Кавадарци се креираше и програмата за развој на невладиниот сектор.

А.Д



Share

Додади коментар