Општина Кавадарци ги повикува сите заинтересирани млади лица над 15 години да се пријават на јавниот повик, што го објави денеска, за волонтерска работа за активности по проектот „За чисто и убаво Кавадарци“.
Ќе бидат ангажирани 35 лица – волонтери кои доброволно ќе извршуваат активности за почист и по зелен град и тоа оплеменување на зеленилото, засадување нови садници, подигање на нови зелени површини, средување на постојните зелени површини, одржување на селските патишта и фудбалски игралишта, како и чистење и одржување на хигиената на повеќе локации и тоа просторот на поранешна дискотека Ла Луна, градскиот парк, месноста Моклиште, околината покрај новиот суд, главните влезови на градот и околината на споменикот на 12 сте другари.
Волонтерската работа ќе се извршува до 30 март следната година, а ќе се склучуваат договори за истата.
Заинтересираните лица потребно е да достават пријава до општината по што ќе бидат повикани за извршување на волонтерската работа.
А.Д
Додади коментар