Општина Кавадарци: Активно се работи на неколку проекти во градот и населените места
15-07-2019 РЕГИОН

Со несмалено темпо продолжува комуналната изградба во општина Кавадарци. Од службата за односи со јавноста при општина Кавадарци, информираат за повеќе проекти кои се реализираат деновиве.

 

На „Западен булевар“ е завршена изградбата на жардинерија и завршено е со хортикултурно уредување и поставување на систем за наводнување. Хортикултурно се уредува и простор на улица „Игман.

 

Викендов во градското подрачје е извршено прскање против комарци и други инсекти, а како што информираат од општината ново прскање ќе биде извршено за дваесетина дена.

 

Се проодлжува со интензивна работа на улица „7 ми септември“. На Северен Булевар се пробива споредна сервисна улица која ќе се користи како влез на депото и Јавното Претпријатие за Паркинзи.

 

По иницијатива на жителите од с.Крњево, викендов се спроведе акција за инфраструктурно уредување. Се чистеше депонијата која е проширена кон игралиштето ,беше исчистена постоечката и се ископа нова јама.

Во тек се и низа други активности се со цел подобро функционирање на жителите во с.Крњево – велат од општината.

 

Викендов поради несовесен однос на одгледувач на лозов насад, поради прекуемерно наводнување бил предизвикан одрон на патот и насипи од земја на патот помеѓу с. Дреново и с. Сирково. Поради неможноста на Македонија пат да интервенира со механизација за справување со одронот, а по налог на Градоначалникот Митко Јанчев беше активирана механизацијата на ЈП Комуналец и ТППЕ на Кавадарци согласно нивното функционирање во интерес на општеството, како и механизација од фирмата ЈА-МИ како донација кон Општина Кавадарци.

Патот беше обезбеден и сообраќајот регулиран од ПС ОН Кавадарци. Акцијата беше успешно спроведена и за помалку од два часа патот беше прооден и уредно среден - информираат од општината.

А.Д



Share

Додади коментар