Општина Велес ќе нуди подобри услуги за граѓаните, институциите и бизнис секторот. Воведува меѓународни стандарди во работењето.. Локалната самоуправа денеска го доби сертификат исо 9001-2008.. Овој документ гарантира контрола и дисциплина во управувањето со документите и навремени одговори на барањата во сите области на надлежност.. ИСО сертификатот го доделува институтот за стандардизација на македонија..
Од локалната самоуправа велат дека добивањето на овој документ значи потврда за успешната работа на администрацијата.. Според градоначалникот Славчо Чадиев, ИСО сертификатот гарантира квалитет на услугите за граѓаните..
Неколку месеци трае процесот за исполнување на стандардите за добивање на исо сертификатот.. Се следат низа критериуми во работењето на општинските служби.. Не се оценува само администрацијата туку се испитува и задоволството на граѓаните..
Меѓународниот исо сертификат 9001-2008 го имаат само неколку општини во државата.. До 2018-та година, овој документ ќе биде задолжителен за сите јавни институции во земјава.
Зоран Јаневски

Додади коментар