Со одлука на Владата од денеска кавадаречката болница и здравствен дом функционираат како еден правен субјект со назив ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци.
Новиот правен субјект веќе е регистриран и во централен регистар и ќе функционира како поранешниот медицински центар.
Целта на ваквото здружување е пациентите да добијат квалитетна медицинска услуга – објаснува в.д директорот на новиот здравствен субјект д-р Диме Коцев.
Брза помош, лабораторија, превентивна детска стоматологија останува да функционираат исто како и досега. Пациентите нема да осетат никаква промена освен што ќе добијат поквалитетна медицинска услуга.
„Со оваа формално правна промена се врши рационализација на трошоците, кадровска екипираност, повеќе медицинска опрема, а се со цел да се зголеми нивото на здравствена заштита и медицината да се приближи до граѓаните. Сите вработени остануваат на работа“ објаснува директорот.
Се очекува оваа промена да донесе и позитивни ефекти во работењето на јавното здравство во Кавадарци како регионален медицински центар.
А.Д
Додади коментар