Запаленo е возилото на велешката судика Габриела Гајдова. Синоќа околу 21 часот бил подметнат пожарот во автомобилот „опел астра“ паркиран пред семејната куќа. Целосно изгорен е предниот дел на возилото и задната лева страна..Во моментот, семејството Гајдови не биле во домот..
- Ми се јавиа соседите и ми кажаа дека возилото гори. Дојдовме на лице место околу 21.20 - имаше пожарникари, овластени лица од СВР Велес возилото успеаа да го изгасат, изјави Габриела Гајдова, Судија во Основен суд - Велес.
Судиката Гајдова очекува вештачењето да открие кој и зошто го подметнал пожарот. Додава дека ова нема да влијае врз нејзината работа..
-Не сакам да размислувам во таа насока, меѓутоа ако е некаква порака јас искрено немам намера да работам поинаку од она како што сум работела до сега согласно закони и да носам одлуки согласно сопствените убедувања, вели Гајдова.
Годинава ова е трет случај на подметнување пожар во автомобил на велешки судија.. Првин настрада возилото на кривичарот Шефкет Адеми а потоа и на поранешниот претседател на судот Јордан Лазаров.
Зоран Јаневски
Додади коментар