Опаѓа бројот на нови болни од грип во Кавадарци
25-03-2015 РЕГИОН

Веќе втора недела континуирано опаѓа бројот на новозаболени од грип во Кавадарци, потврдуваат лекарите. Тие велат дека покачувањето на температурата не е во прилог на ширењето на ова вирусно заболување.

Според информациите од Центарот за јавно здравје минатата недела матичните лекари евидентирале 191 пациент со симптоми на грип. Ова значи дека ако се споредат единаесетата и дванаесетата недела има 91 заболен помалку.

„Бројката на нови пациенти со грип продолжува да опаѓа. Покачувањето на температурите ја стабилизра и состојбата во грип во Кавадарци, која годинава и не беше алармантна споредено со минатата сезона.  Заклучно со минатата недела оваа сезона имаме вкупно 1851 лица заболено од грип, додека лани истиот период имавме 3169 грипозни“ рече д-р Ристе Јовановски, епидемиолог од Центарот за јавно здравје Кавадарци.

Лицата на возраст од 15 до 64 години и понатаму се најчестата возрасна група која е на удар на грипот, потоа се децата од 5 до 14 години, па најмалите од 0 до 4 години. Најмалку грипот ги напаѓа повозраснитње од 65 години, бидејќи и најголем е процентот на вакцинирани лица кај оваа возрасна категорија.

Ангел Данов



Share

Додади коментар