Опаѓа бројот на болни од грип, можен е нов бран
27-01-2017 РЕГИОН

Изминатава недела во Кавадарци и Росоман се евидентирани само 137 нови случаи на грип. Според овие податоци од Центарот за јавно здравје може да се заклучи дека активноста на грипот се намалува за разлика од претходните недели.

 

„Намалување на бројот на нови заболени од грип има кај сите возрасни групи. Оваа сезона имаме вкупно 2828 грипозни лица, а лани истиот период вкупниот број бил далеку помал, сме имале само 41 случај на грип“ рече д-р Ристе Јовановски.

 

Тој не ја исклучува можноста од нов бран на грип, но не очекува силна активност како минатите недели.Најмногу на удар на грипот е возрасната група од 15 до 64 години.

A.Д



Share

Додади коментар