ООУ „Гоце Делчев“ победник на квизот „Колку ги познавам правилата во сообраќајот“
15-03-2017 РЕГИОН

Синоќа во домот на културата Иван Мазов Климе во Кавадарци се одржа традиционалниот квиз натпревар од областа на сообраќајот „Колку ги познавам правилата во сообраќајот“. Учествуваа сите основни училишта од Кавадарци со своја екипа која ја сочинуваа тројца ученици.Од шесте групи поените само три однесоа во финалето, а таму по првата рунда на прашање слудуваа малку потешки прашања од областа на сообраќајот.

 

Познавањето, брзината, а можеби и упорноста во подготовките до првото место ја однесе екипата на ООУ „Гоце Делчев“ која годинава ќе важи за одличен познавач кога се во прашање сообраќајните правила. Според освоените поени второт место им припадна на учениците од ООУ „Димката Ангелов Габерот“ од Кавадарци, а трети беа учениците од ООУ Тошо Велков Пепето.

 

Ваучери во вредност согласно со освоеното место добија трите првопласирани екипи , а почестени со мотивациона награда беа и менторите на победничките екипи. Организатор на натпреварот е општинскиот совет за безбедност во патниот сообраќај Кавадарци во соработка со локалната самоуправа, а натпреварот ја има целта од најрана возраст да ги едуцира младите за сообраќајот и правилата во него. Во публиката уживаа основците бодрејќи ја својата екипа.

 

Подршка на натпреварувачите им беа и родителите, а забавен дел каде исто тема беше сообраќајот понудија на сцена учениците од целодневниот престој при ООУ „Димката Ангелов Габерот“. По овој натпревар каде целна група се повторуваме средношколците следна обврска на советот за безбедност е организацијата на натпреварот за средношколците.

 

Милица Младенова



Share

Додади коментар