Околу 6000 земјоделци аплицирале за субвенции
17-06-2015 РЕГИОН

Со пролонгирање на рокот за поднесување барања од страна на земјоделците за остварување на правото за субвенции им се стави крај   на долгите чекања и гужви пред вратите на подрачното министерство за земјоделство шумарство и водостопанство во Кавадарци. Од таму информираат дека  досега се евидентирани околу 6000 барања од страна на земјоделците  и тоа воглавном за лозови насади. Дневната динамика  изнесува околу 100 барања  меѓутоа без задржување и релакисрано .

 

Минатата година вкупниот број на апликации изнесувал 6 400 што не значи дека годинава бројот ќе биде ист.   Останува потсетување до останатите земјоделци кои досега немаа поднесено барања тоа да го направат во наредните девет работни дена  кои остануваат до 30 јуни кога е и последниот рок . Во овааа насока спаѓаат и оние земјоделци кои заради одредени проблеми  и грешки во одредувањето на парцелите на земјоделско земјиште  кои мораат  повторно да дојдат во подрачното министерство .

 

Мирјана Мукаетова



Share

Додади коментар