Околу 140 деца заболени од варичела, 28 лица од грип во Кавадарци
23-12-2014 РЕГИОН

Во овој период од годината карктерисично вирусно заболување кое се шири меѓу најмладите е варичелата. Од Центарот за јавно здравје Кавадарци дознаваме дека досега се евидентирани околу 140 случаи на варичела или сипаница

„ Се работи за вирусно заболување кое се јавува во овој период од годината кај децата од претшколска и школска возраст. Минатата година имавме регистирано епидемија од варичела во Кавадарци. Беа заболени 645 лица“ рече д-р Ристе Јовановски, епидемиолог од Центарот за јавно здравје Кавадарци.

Минатата недела позначително зголемување има и на бројот на заболени од грип. Во претходните недели од почетокот на грипот се бележеа по 1 до 2 случаи, минатата недела се регистирани 8. Со тоа вкупниот број на болни од грип во Кавадарци достигна 28.

 

А.Д



Share

Додади коментар