ОК ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци: Честит 23-ти октомври
24-10-2016 РЕГИОН

Драги сограѓани, нека Ви е честит денот 23 октомври!    Денот на македонската револуционерна борба. Денот на основањето на идеата за Слободна македонија без надворешни влијанија. Денот на ВМРО  се вели во честитката од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци и се додава:

 

После солунскиот, во Кавадарци е формиран првиот комитет на ВМРО во Македонија.  Кавадарчани се едни од најзаслужните оваа мисла да стане дело на овие простори, дело во кое ние денес живееме горди на своите претци и од 2007 кога овој датум стана празник на сите граѓани на Македонија, и на своето минато.

 

Иако денес живееме во сонот на нашите предци борбата за Македонија сеуште трае.

 

 

Борбата на нашата генерација е борба за поквалитетен живот, за повисок стандард, борба за посилна и поправична држава, за подобро здравство, за поквалитетно образование и за земјоделците.

 

Борбата за Македонија никогаш не запира! – стои на крајот во честитката од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.



Share

Додади коментар