ОИК во Тиквешијата подготвени за утрешните избори
20-04-2019 РЕГИОН

Без проблеми се одвиваат подготовките за утрешното гласање на шестите по ред претседателски избори. Според информациите што денеска ги добивме од претседателите на ОИК во Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија, денеска е распределен избирачкиот материјал по гласачките места.

 

Во Кавадарци право на глас имаат 32.109 граѓани. Ќе се гласа на 59 избирачки места. Денеска имаа можност да гласаат 55 болни и немоќни лица – потврди за КТВ, претседателот на ОИК Кавадарци, Зоран Костов.

 

15805 граѓани со право на глас утре имаат можност да гласаат за претседател на државата во Неготино. Во 7 часот наутро ќе бидат отворени 28 избирачки места, а денеска право на глас можат да остварат 44 болни и немоќни лица.

 

Во Росоман денеска можеа да гласаат 13 лица. Во избирачкиот список се запишани 3358 граѓани со право на глас, а ќе се гласа на 10 избирачки места – информира претседателот на ОИК, Лазар Симоновиќ.

 

Единаесет избирачки места ќе бидат отворени во Демир Капија, а право на глас имаат 3331 лице. За денес да гласаат биле пријавени 33 болни и немоќни, од нив пет мина не гласале, рече претседателката на ОИК Стојна Топчиева.



Share

Додади коментар