Одобренија за градба по електронски пат

Од денеска целата постапка за издавање одобренија за градба ќе се завршува по електронски пат во сите општини. Граѓаните електронски ќе ги поднесуваат барањата, а исто така електронски ќе ги добиваат и одобренијата. Доколку биде издадено печатено одобрение тоа ќе нема важнсот. Општинската администрација е веќе обучена за ваквата новина.

Општините исто така електронски ќе комуницираат со своите служби во рамки на општината, како и со институциите и јавните претпријатија од кои треба да добијат соодветните согласности.

Откако сите документи ќе бидат во ред по електронски пат општината ќе биде информирана дека се платени комуналиите и одобрението по електронски пат ќе биде дадено.  Постапката треба да се поедностави, да се забрза и да стане потранспарентна, бидејќи секој барател во секој момент ќе може да види кај кого е неговиот предмет. Досега според законското решение дозволата требаше да се издаде до 45 дена, а сега се очекува тоа да се скрати.

ѓОпштините ќе го користат софтверот на ЗЕЛС, а за да функционира системот треба да набават и електронски потпис.



Share

Додади коментар