Кавадаречката опозиција по ништо не заостанува зад безидејноста на нивните аболицирани челници. Напротив со вчерашната прес конференција се надминаа и самите себе си, во обид на манипулирање со јавното мислење и таму каде што работите се кристално јасни, а правно формално потврдени со првостепени пресуди.
Со мноштво реченици без содржина, повторно прават обид за искривување на вистината и на нивното незаконско работење. Да потсетиме дека, на времето кога го имаа мнозинството во Советот, од 2000 до 2006 година, без нималку совест аминуваа скандалозна монструозна замисла преку нивниот Фикс за градоначалник, со која на нај нечовечки начин, свесно и директно им влегоа во џебовите на кавадарчани со потпишување на Пред договорите.
Имено: тогаш со физички и правни лица се потпишувани Пред договори за вклопување на нивни објекти во некоја идна урбанизација, земајќи им авансно 30 % од вреднсоста на комуналниот надоместок.
До овој момент Барања за повраток на средства имаат доставено 36 физички и правни лица чии износ по основ на повраток на средстсва изнесува 3.761.412 денари. Ова не е вистинската бројка на измамени граѓани од тогашните локални челници на СДСМ. Реално бројот на прелажани граѓани и износот на пари е многу повисок.
Во интерес на вистината.
Граѓаните кои по тој основ платиле една третина од вистинскиот износ на Комуналниот надоместок согласно Програмата за комунална изградба, се заштитиле од рушење на бесправно изградените станбени и деловни објекти, при што им било овозможено приклучување на постојната инфраструктура, како и користење на станбен простор за живеење, а деловен за оставрување на профит.
Преведено на Кавадаречки ова значи дека: Споменатите граѓани Во тоа време биле привилегирани во однос на останатите 10 000 други граѓани и фирми кои платиле комунален надоместок во висина на целосниот износ.
Ова почитувани господа од СДСМ се фактите и вистината. Она вашето од вчера е ветер и магла, фрлање прашина во очи и искривување на фактите со цел пред граѓаните да се претставите како светци. Или можеби повеќе ви одговара да пропагирате „Арамијата вика-држ те го арамијата“.
Но непобитен факт е реалниот Закон за постапување со бесправно изградени објекти.
Со овој Закон, Граѓаните за своите нелегални објекти плаќаат 30 пати помал износ од реалниот, а Општината почитувајќи го истиот се откажува од тие средства. Но за општина Кавадарци од секогаш граѓаните се пред сето останато.
Почитувани од СДС ова вашето од вчерашната пресс конференција звучи како:
„Хитлер да ги брани евреите од геноцид“,
Е токму тоа, почитувани сограѓани е Фарсата од вчерашната прес конференција на новите анонимуси од локалното СДСМ. Тие преку ефтин дневно политички маркетинг, се обидуваат привидно со извртени факти и основно непознавање на проблематиката, да го подигнат својот рејтинг пред се меѓу своето разединето членство.
Но до врхушката на СДС во Кавадарци никако да допре пораката токму од оние на кои им се обраќаат, а тоа се граѓаните.
Граѓанската порака е кристално јасна и евидентна. Од 2006 наваму граѓаните на Кавадарци масовно даваат целосна поддршка на домаќинското, одговорно и законското работење на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот, казнувајќи ве редовно заради вашите недоветни постапки и неодговорни политики, фразерства и критизерство.
13 000 гласови на кавадарчани се повеќе од потврда на нашата исправна политика, со која ги исправаме вашите грешки, вложуваме во стопанството, и развојот на локалната заедница, со отворање на фабрики преку директни странски и домашни инвестиции кои носат нови работни места и економска сигурност за граѓаните.
Ова е единствената исправна политика во правец на просперитетно Кавадарци и стабилна Македонија, а тоа во овој момент е политиката на општина Кавадарци предводена од градоначалник и Совет во кој мнозинството е од ВМРО-ДПМНЕ, а се во интерес на народот.
Бевте сведовци пред 3 дена дека во Кавадарци се предадоа во употреба објекти во вредост од 6.000.000 евра и се најави нова инвестиција од 15.000.000 евра. Зарем ова за вас е недоволно или можеби сте усплашени од успехот на актуелната раководна структура.
Општина Кавадарци предводена од градоначалникот Александар Панов продолжува и понатаму да работи и да ги застапува интересите на сите жители на општината без разлика на нивната политичка, верска и социјална припадност.
Кире Делов
Секретар на општина Кавадарци
(интегрален текст од прес конференцијата на општина Кавадарци-локална самоуправа)

Додади коментар