„Новинарство под дигитална опсада“е мотото под кое се одбележува годинешниот Светски ден на слобода на медиумите со што се нагласува влијанието на дигиталната ера врз слободата на изразување, безбедноста на новинарите, пристапот до информации и приватноста.
Денешниот ден е можност да се реафирмираат основните принципи на медиумската слобода, да се процени степенот на нејзиното почитување и да им се оддаде почит на новинарите кои ги загубија своите животи извршувајќи ги своите професионални обврски.
Демократските општества не можат да функционираат без слобода на изразување, независни и критички медиуми поради што сите без исклучок треба да вложат максимални напори за обезбедување безбедна средина за работа на новинарите и пристап до информации.
Според последниот извештај на Репортери без граници, пред нас се уште стојат бројни предизвици. Агенцијата, како и досега, ќе продолжи да делува проактивно на зголемување на свеста за улогата на медиумите и неопходноста да им се овозможи непречено работење - стои во соопштението од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумкси услуги.

Додади коментар